Живот
5. December 2015 - 15:16

Замина уште една скопска легенда

Кројачот Благоја Ангелковски кој е урбана легенда на Скопје почина синоќа на 81-годишна возраст.

Во близина на Универзалната сала, од 1964-та година е кројач „Ангелковски“. За многумина во Скопје ова е место на ориентација.

Каде се наоѓа дуќанот, знаат граѓаните од сите генерации.

Благоја машината за шиење ја наследил од татко му, биле повеќе деца, а тој со кројачкиот занает почнал да се занимава уште од 1950 година.

Нека почива во мир најпознатиот македонски кројач.