-->
-->
Замина уште една легенда: Почина познатиот филмски негативец
-->
Светот на филмот остана без еден од најголемите „стандардни мафијаши“.
Френк Винсент, ѕвезда на бројните мафијашки филмови и серии, меѓу кои љубителите на овој жанр посебно ќе го паметат по улогите во „Сопранови“ и „Добри момчиња“, почина на 78. годишна возраст.
Порталот ТМЗ јави дека Винсент починал од компликации при операција на срце по инфаркт.
Винсент со глума почнал да се занимава во 1976 година, а првата улога му била во нискобуџетниот криминалистички филм "The Death Collector", покрај легендарниот Џо Пеши.
Винсент со Пеши и Дениро соработуваше и во познатите хитови „Добри момчиња“ и „Казино“.
Во текот на кариерата најчесто играше гангстер, а дури го позајмуваше и гласот за видео игрицата “Grand Theft Auto III".
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти