Живот
13. February 2018 - 15:33

Замина уште една легенда: Почина најдобриот глас на сите времиња

Популарниот кантри пејач Дерил Синглетери изненадно почина во својот дом во Нешвил. Почина на 46 години, а тажната вест ја потврдил неговиот менаџер.
 
„Со голема тага известувам дека гласините за смртта на Дерил за жал, се точни. Потврдата ја добивме од менаџерот Чак Лобер. Замина еден од најголемите кантри гласови“ - напиша на Твитер радио-водителот Диџеј Сторм Ворен.
 
Дерил зад себе остави неутешна спруга, четири деца, но и бројни обожаватели кои од Дерил се збогуваа на друштвените мрежи.