Балкан
29. December 2019 - 14:57

Замина најпознатиот српски патник: Почина Слободан Миќиќ, авторот на „Светот на дланка“

Најпознатиот српски патник Слободан Миќиќ почина во 76 година од животот по долго боледување.

Миќиќ беше познат не само на српската публика туку и ширум Балканот по своите интересни патеписи „Светот на дланка“ кои ги правеше со својата сопруга Марија Шкиљаица Миќиќ.

Економист по образование, а светски патник по определување, српските туристи ги однесе во најоддалечените катчиња на планетата - од Уганда до Галопагос, од Фиџи до Исланд, чиј беше и почесен конзул.

Последните години ги посвети на промоција на Србија, зошто беше вљубен во својата земја - во Дунав, во Ивањица, во Врњачка Бања, салашите и планините.

Слободан Миќиќ умееше да патува и да ужива во патувањата. Умееше да ги забавува туристите кои месец дена со автобус патуваа до Каиро.