Свет
27. July 2015 - 9:04

Заменик спикерот на британскиот Горен дом уловен како се дрогира со проститутки

Заменик спикерот на Горниот дом на британскиот Парламент, лорд Сеуел е „уловен„ како зема дрога со проститутки, откако тајно снимени фотографии и тонски снимки за наркоманските сеанси во крајно сомнително и за него недолично друштво, објави лондонскиот „Сан он Сандеј“.

Публикувањето на снимките  во весникот,  кои ги откриваат скриените пороци на овој 69 годишен британски политичар, предизвикаа вчудоневиденсот и шокираност во домашната политичка јавност.
Спикерот на Горниот дом, баронеса Д Соуза, го осуди како крајно неприфатливо и неодржливо, однесувањето на лордот и изјави дека по појавувањето на откритијата во „Сан он Сандеј„ ја известила бритнската полиција за целиот случај на Сеуел.
Лордот веднаш поднесе оставка на функцијата заменик спикер, како и на претседателската функција во Комисијата за привилегии и повластици на Горниот дом.
Сеуел сега се соочува и со полициска истрага.
Некои пратеници во Долниот дом и членови на Домот на лордовите, побараа од лорд Сеуел да си замине од Парламентот, поднесувајќи оставка и на членството во Горниот дом.
Лорд Сеуал е оженет и семеен човек. Во Горниот дом на Парламентот е од 1996 година, а пред тоа беше пратеник и заменик министер за Шкотска , во една од владите на лабуристичкиот премиер Тони Блер.
Три години,од 1999 до 2002 година,  тој беше претставник на Велика Британија во парламентарното собрание на НАТО.
Пред да влезе во политиката, Сеуел бил предавач на Универзитетот во Абердин, во Шкотска.
Медиумите остро го осудуваат однесувањето на овој лорд и бараат од него  да се повлече целосно од Горниот дом, инсистирајќи дека по избувнувањето на скандалот , тој не може и понатаму да биде во Парламентот, од каде сега зема годишна плата од 84 илјади фунти.