Заменик-префектот на Кукуш апелира до граѓаните да ги ограничат патувањата во Македонија
Повик до жителите на регионалната единица Кукуш (Килкис) да ги прекинат или да ги сведат на минимум патувањата во Северна Македонија, испраќа заменик-префектот Андреас Вергидис, јави дописничката на МИА од Атина.
Во писмената изјава, но и говорејќи за грчката телевизија „Мега“, ја изразува неговата загриженост за зголемениот број случаи на Ковид-19, како на Балканот така и во нашата земја, и ја истакнува потребата да се спроведат одредени мерки или контроли на грчката страна од двата гранични премини Дојран и Евзони за жителите на пограничните делови кои често патуваат во Северна Македонија.
– Грција не дозволува влез во земјата за државјани на Северна Македонија поради големото ширење на вирусот, меѓутоа жителите не само на регионалната единица Килкис, туку и од соседните региони, заминуваат на кратки посети во соседната земја, главно во градовите блиску до границата, факт што ги предупредува надлежните дека може да има увезување на вирусот, вели Вергидис.
Со ист повик, минатата седмица, како што објави МИА, излезе и градоначалникот на Лерин (Флорина), кој побара од жителите на општината, патувањата кај нас да ги сведат на минимум, само доколку е неопходно.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица