Македонија
29. May 2019 - 14:28

Заменик-министерот Лазовски доживеа сообраќајка пред Собрание

Мотоциклист е повреден во сообраќајна несреќа што се случи попладнево на крстосницата кај Собранието и Градската болница „Наум Охридски” во Скопје.

Според неофицијални информации на МКД.МК, во несреќата учествувал и заменикот-министер за култура, актерот Владимир Лазовски, кој е полесно повреден. Според МВР, во сообраќајката учествувале мотор и возило пежо кое го управувал Лазовски.

Моторциклистот чиј идентитет за сега не е познат е полесно повреден. Неофицијално, по прегледите во болница тој се вратил на местото, каде што полицијата врши увид.

 

ФОТО: Infomax.mk