Македонија
26. October 2015 - 13:54

Заменети уличните светилки во Кочанско, проект вреден 52 милиони денари

Во изминативе четири месеци општина Кочани успешно го реализираше проектот реновирање и модернизација на системот за улично осветлување. Со овој проект 2.608 живини светилки во градот и во населбата Оризари се заменети со нови лед светилки.
 
- Со замената на живините светилки просечната осветленост е зголемена за над 50 отсто, а намалувањето на потрошената електрична енергија за 2,5 пати. На околу 90 столбови во центарот на градот, во трговскиот центар и на поважните сообраќајници се додадени дополнителни светилки за поголема осветленост. Поставени се и 150 нови лед светилки на оние места каде што досега немаше никакво осветлување, истакна градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски, на денешната прес-конференција. 
 
Инвестицијата е вредна 52 милиони и 510 илјади денари, средства кои општината ги обезбеди од тековниот буџет преку наплатата на комуналната такса .
 
- Општина Кочани се одлучи со сопствени средства да изврши модернизација на системот за улично осветлување со одложено плакање кон изведувачите на 36 месеци, без камата. Притоа целата опрема е во сопственост на општината и таа во целост ќе управува со системот за улично осветлување, рече градоначалникот Димитровски.