Македонија
24. August 2018 - 10:43

Залутан куршум оштети автомобил во Скопје - за среќа повредени нема

Залутан куршум оштети автомобил со скопски регистерски таблички. Според информациите од полицијата, вчера  во 14.25 часот во Единицата за информации и команда Скопје, М.К. од Скопје пријавила дека на ул.„Павле Илиќ“ забележала дупка на предното стакло од патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки и еден куршум кој бил заглавен во шал-таблата.

При падот на зрното, во возилото немало никој.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.