Заложничка драма во Франција
Еден или група вооружени лица вечерва задржаа неколкумина заложници во северниот француски град Рубе, во близина на границата со Белгија.
- Во тек е операција за ослободување на зложниците, соопшти извор од француксата полиција.
Тој нагласи дека пред отпочнувањето на заложничката криза од реонот се слушнале истрели.
Според истиот полициски извор, заложниците најверојатно се директор на една локална банка и неговото семејство.
Друг полициски извор информира дека напаѓачите најверојатно се обиделе да го огработ домот на директорот на банката, при што целото негово семејство го задржале во заложништво.
Електронското издание на весникот „Фигаро“ објави дека при инцидентот има и ранети лица, но ваквата инфорамција засега не е официјално потврдена.
Француските медиуми јавија дека реонот во кој воожружените лица ги држат заложниците е блокиран од страна на полицијата и дека на самото место пристигнале медицински и противпожарни возила.
Според полицијата, овој инцидент „очигледно не е поврзан“ со нападите во Париз од 13 ноември.
Ново на Сител
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море
-
Бојмацалиев: ОВР Дебар поднесе рекордни 55 кривични пријави за дивоградби во 2023
-
МНР: Состанок на заедничкиот експертски комитет за историски, археолошки и образовни прашања согласно Преспанскиот договор
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“