Свет
26. July 2016 - 11:35

Заложничка драма во Франција – Се држат луѓе во црква

Двајца напаѓачи вооружени со ножеви држат како заложници пет лица во една црква во Сент Етјен во Франција, јавуваат француските медиуми.

Полицијата, специјални единици, пожарникари и војската ја опколиле црквата и ја блокирале областа.

Според известувањето на медиумите, заложниците се свештеник, две калуѓерки и двајца верници.

francija crkva1

francija crkva2

francija crkva3