Свет
7. May 2019 - 19:03

Заложничка драма во Франција: Напаѓачот држи пет лица во продавница, се заканува дека сите ќе ги убие

 Француската полиција соопшти дека едно вооружено лице држи четворица заложници во една продавница за цигари во предградие на Тулуз.

Портпаролка на полиција истакна дека се уште е рано да се исклучи можноста за тероризам, бидејќи уште не се познати барањата на киднаперот.

Локалните власти наведуваат дека засега не е познат идентитетот на вооруженото лице.

На местото на инцидентот се испратени единици на француската специјална полиција. Зоната околу продавницата која се наоѓа во местото Блањак е во близина на аеродромот во Тулуз.

Телевизијата Франс 3 објави дека киднаперот побарал да разговара со преговарач.