Македонија
21. July 2017 - 11:06

Заловување кучиња скитници во Македонска Каменица

Општина Македонска Каменица и оваа година со заловување на кучињата скитници и со понатамошен хуман третман на кучињата од страна на стручна служба, го решава проблемот со кучињата скитници.

Добре Јаневски, одговорно лице од Општина Македонска Каменица истакана дека овој хуман третман со кучињата има ефект, а акциите се спроведуваат еднаш или два пати месечно во зависност од потребите.

- Во последната акција извршена деновиве се заловени 11 кучиња скитници, а годинава, според нашите анализи, очекуваме да се заловат околу 150 кучиња скитници. Заловувањето го врши ветеринарно-сточарски центар „Тодор Велков“ од Куманово, со кој согласно со тендерската постапка, Општината склучи договор во врметраење од една година и направи план и динамика за спроведување на оваа активност, која се врши согласно со Законот за заштита и благосостојба на животните, истакна Јаневски.

Годинава јавната набавка за хуман третман на кучињата скитници, ја чини општината 220 илјади денари. Инаку, овој начин на решавање на проблемот со кучињата скитници, Општина Македонска Каменица го практикува изминатите пет години.