Македонија
2. July 2018 - 20:19

Заливот на коските атракција за туристите

Заливот на коските кај Градиште атракција за туристите.

Овој исклучителен археолошки комплекс лоциран на брегот на езерото  е неодминлива дестинација за странските посетители кои доаѓаат во Охрид . Тие уживаат во необичното патување низ времето, запознавајќи се со животот на цивилизациите кои живееле на овие простори во железното време и римскиот период,воодушевени од природните убавини и културното наследство изложено во музејските простории.

Музејот на вода е единствен од ваков вид на Балканот каде е сочувано вредното наследство ,бренд на градот и основа за развој на културниот туризам.

Инаку праисториската наколна населба  од отворањето во 2008-ма година, до сега бележи рекордна посетеност и со години  е предмет на археолошки истражувања.