Македонија
16. July 2017 - 11:38

Заладувањето нема да потрае, еве кога почнуваат пак пеколни горештини

Денеска, под влијание на значително постудена воздушна маса од север, времето ќе биде облачно и свежо, со умерен до засилен северен ветер. Во целата земја ќе има врнежи од дожд, кои на места повремено ќе бидат поројни и пообилни (над 30л/м 2 ). Најдолго и континуирано врнежите ќе се задржат во југоисточните делови.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 22 степена. 

Локални врнежи од дожд се уште ќе има и утре претпладне, а во текот на денот ќе дува повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе се покачи за неколку степени и ќе се движи од 19 до 26 степени 

Од вторник следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, која во деновите од викендот на места ќе го надмине 35-тиот степен, а УВ индексот повторно ќе има многу висока вредност 9.