Балкан
25. November 2015 - 22:49

Закопан терористот од Сараево - Ниту најблиските не му дошле на погреб

Енес Омерагиќ, терористот кој во Сараево ги уби двајцата војници и го зави регионот во црно, бил закопан на гробиштата во Влаково, во присуство само на неколку познаници.

Неговите роднини, семејството и пријатели не дошле на погребот по делото кое тој го направи. Енес бил тајно закопан во саботата.

Тој во нападот во кој загинаа двајца војници, фрли бомба, нападна автобус, а потоа се самоуби со бомба во својот дом.

- Се беше брзо завршено, немаше многу луѓе на погребот, кажал еден од гробарите.