Бизнис
8. October 2020 - 16:39

Законските измени за викенд без ДДВ на собраниска седница

Да се воведат посебни протоколи за време на продолжениот викенд без ДДВ, предложија од опозицијата на седница на која се расправаше за измените во законот за поврат на данок. Бараат и да се прошири листата на производи за кои граѓаните ќе имаат право на поврат.  

Од власта пак вратија дека со тоа што опозицијата бара посебни протоколи за овие три дена признава дека мерката е добра и за истата ќе има голем интерес.

Претходно власта го одби амандманот на опозицијата со која се предлагаше ваквата мерка да се реализира четири пати и тоа два годинава и два викенди следната година.

Од власта пак побараа пратениците да дадат поддршка на измените во законот затоа што со тоа ќе се воведе мерка од која бенефит ќе имаат 350 илјади граѓани кои скенираат фискални сметки. 

Со мерката, државата ќе го врати целиот ДДВ кои граѓаните ќе го платат при купување на домашни производи и ИТ опрема во вредност до 30 илјади денари за време на продолжениот викенд од 10 до 12 октомври.

350 илјади граѓани кои скенираа фискални сметки.