Македонија
8. May 2023 - 16:39

Законските измени за Коридорите со европско знаменце стигнаа во Собрание

И покрај забелешките на Делегацијата на ЕУ, Владата сепак во Собранието  ги испрати 5-те закони поврзани со Договорт со Бехтел и Енка со европско знаменце и по скратена постпака. Законските измени на пленарана седница пред пратениците ќе се најдат веќе во среда.

Наспроти најавите, дека народните избраници ќе добијат и ревидиран верзија на Договорот без деловите за кои двете компании не сакале да се објават во јавност, сепак докуемнтот не е порикачен на собраниската страна.

Владејачките партии велат, дека европското знаменце е начинот да ја тргнат блокадата во опозицијата за Коридорите 8 и 10 Д да се изградат побрзо и поевтино.  За разгледување на Договорот чекаат да се изјасни опозицијата.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека се работи за чиста злоупотреба на европскотот знаменце и дека Договорот се уште крие од Владата.

Владата во петокот донесе одлука да се направат измени на законите за работни односи, за градење, за експроријација и за урбанистичко планирање, како и на специјалниот закон за Коридорите користејки ја брзата трка за нивно донесување како дел од европската агенда на државата. Слични законски измени беа поднесени и од пратеници уште пред еден месец, но поради блокадата на опзоцијата не беа донесени.