Македонија
25. јуни 2021 - 8:32

Законски измени за намалување на возрасната граница за користење на лични асистенти

Пред членовите на собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска на дневен ред е Предлог-законот за изменување на Законот за социјалната заштита, кој има за цел  да се овозможи услугата лична асистенција да ја користат и деца од шест годишна возраст со  намален функционален капацитет.

Целта на овие измени е да се овозможи индивидуална помош и поддршка и на децата за вршење на секојдневни активности и тоа заради пристап до образовните институции, центрите за рехабилитација и вклучување во заедницата, кои дете без попреченост вообичаено ги врши без поддршка.