Законот за забрана на нефер трговски практики пред Законодавно-правната комисија
Собраниската Законодавно-правна комисија денеска треба да расправа за Предлог законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, по скратена постапка, откако вчера ова законско решение помина и во Комисијата за европски прашања.
Министерот за економија Крешник Бектеши очекува законот да биде на пленарна седница на 11. или 13. месецов и да биде изгласан, по што по објавата во Службен весник ќе се отвори јавна расправа.
Бектеши уверува дека ќе нема енормно зголемување на цените на производите во периодот додека да стартува целосната примена на законот, а особено на производите за кои до крајот на минатиот месец имаше гарантирани цени.
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе ја посети компанијата Еуропеан Плантс (European Plants) во село Прељубиште, Тетово.
- Сум разговарал со сите домашни производители и трговци и на големо и мало. Ако се злоупотребува овој период додека се утврди целосната листа и биде објавена, и додека се менуваат договорите што ги имаат снабдувачите со трговците заради тоа што треба да им се даде период да репреговараат одредени работи кои ги имаат предвидено нивните договори за снабдување, тие знаат дека во Министерството за економија подготвени сме во текот на денот да носиме одлуки кои нема да бидат во прилог на одредени групи кои би можеле да направат такви злоупотреби, рече вчера Бектеши во Тема на денот на Сител Телевизија.
Злоупотребите, појасни министерот, ќе ги утврдува Државниот пазарен инспекторат кој професионално ја врши работата и на дневно ниво ги следи состојбите.
Од над 2500 производи кои ќе бидат опфатени со законот, 70 до 80 проценти се земјоделски и прехранбени производи што се на пазарот во државава, а листата, најави Бектеши, ќе се проширува ако има барања.
Ново на Сител
-
Одземени спорните записници од Судски, Мицкоски најавува десетици други акции
-
Обвинителството собира докази за Груби и Беџети
-
Евроабасадорот Рокас ги поддржува активностите за расчистување со корупцијата
-
Ахмети пак се закани - Мицкоски не е загрижен
-
По јазикот проблем и химната
-
Светска Банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19%, но и покасно одење во пензија
-
Премиерот фрли лопата - Нова инвестиција вредна 40 милиони евра и 600 нови вработувања
-
О2 бара државата да забрани увоз на половни возила постари од 10 години