Македонија
26. January 2021 - 20:03

Законот за попис стапи на сила, ДЗС најавува методологија и пописен лист за 10 дена

Законот за попис е објавен во Службен весник и со тоа стапува во сила. Директотот на Статистика Симовски уверува дека подготовките за статистичката операција  се почнати, а за 10 дена ќе биде објавена методологијата за пописот, но и прашалникот по кој граѓаните ќе одговараат од 1 до 21 април.

Предвидено е освен прашањата, попишувачите веднаш да го впишат и матичниот број на граѓанинот кој се попишува и со тоа, вели Симовски, системот ќе ги повлече и податоците за лицето од државните регистри.

Попишувачите ќе доаѓаат на врата се додека не најдат луѓе  што живеат во домот или пак, додека не добијат сигурна информација дека таму не живее никој. За оние кои не се затекнати дома, податоци ќе може да дадат само лица кои навистина имаат информации за нив. 

Власта и опозцијата се уште имаат разлики особено дали може и треба да има казни за оние кои нема да учествуваат во пописот не зависно дали поради став или поради заштита од корона.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Силјановска децидна е дека власта казните ги користи како заплашување.

За власта пак, казните се гаранција за успешен попис кој е законска обврска и општествена потреба.