Законот за помилување на седница на Комисијата за политички систем
Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седница одржува Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на која членовите треба да разгледаат повеќе Предлог закони меѓу кои и Предлог на закон за помилување.
Пратениците од ВМРО - ДПМНЕ на седницата истакнаа дека сега не е вистински момент за разгледување на предлог - закони, поради распуштањето на Владата. Пратениците од власта, пак, предложија јавна расправа, но овој предлог за опозицијата не беше прифатлив, со оправдување дека за тоа нема време.
На денешната седница на Комисијата треба да бидат разгледани и Предлог на закон за дополнување на Законот за државното правобранителство, по скратена постапка Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите - Прво читање.
Ново на Сител
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ