Бизнис
13. September 2017 - 19:42

Законот за минимална плата е спорен и за дел од работодавачите и за синдикатот

Минималната плата е спорна и за дел од работодавачите, не само за синдикалците. За стопанствениците е проблематично тоа што од буџетот ќе се исплаќаат субвенции за зголемување на платите на најслабо платените работници. Велат дека на овој начин не се решава проблемот со ниските плати во земјата.

И за синдикатот е спорен законот за минимална плата кој веќе влезе во собраниска процедура. Синдикалците велат дека тој текст воопшто не гарантира дека сите работници ќе ги добијат ветените 200 евра. Според законот оваа сума ќе ја добиваат само работниците кои ќе остварат норма, која пак ја утврудва работодавачот по субјективни критериуми и може да ја менува секој месец.

Од Министертсвто за труд и социјала ко е епредлагач на законот уверуваат дека нормираниот учинок нема да се злупотребува. Тој треб ада е остварлив за 80% од работниците, а работодавачот мора секој месец да издава потврда за остварен улинок и пресметка за плата.