Македонија
13. September 2017 - 8:18

Законот за јазиците и три интерпелации во Собранието

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 15. седница на чиј дневен ред е Предлог законот за употреба на јазиците, во прво читање.

На оваа седница треба да се разгледа и Предлог законот за издавање вредносни бонови – ваучери, во прво читање поднесен од пратениците од опозицијата.

Пратениците ќе расправаат и за интерпелациите за работата на министрите за финансии, за култура и за животна средина и просторно планирање, Драган Тевдовски, Роберт Алаѓозовски и Садула Дураку, поднесени од опозицијата.