Македонија
27. August 2019 - 16:51

Законот за јавно обвинителство влезе во Собранието без опозицијата - Дескоска има план Б

Без постигнат договор со ВМРО-ДПМНЕ владејачкото мнозинство денеска ја утврди потребата за носење на новиот закон за обвинителство по скратена постапка, а со кој се решава статусот на специјалнотот обвинителство.

Министерката за правда Рената Дескоска ги повика сите пратеници да гласаат за негово конечно донесување во името на евроинтеграциите. Сепак, ако не се обезбеди потребното двотретинско мнозинство, таа најави план Б.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, бараат оставка од Дескоска, најавуваат амандмани на законот во комисиската расправа.

Забелешки на владината верзија на законот со кој СЈО се решаваат преку ново обвинителство за организиран криминал и висока корупција и се предвидува продолжување на постапките имаат и од БЕСА.

Од ДУИ пак најавија амандмани со кои се ќе се предвиди обивнителите во новото обивнителство да се избираат со бадентерово мнозинство, како и за примена на албанскиот јазик во постапките.

Најавените амандни ќе треба да поминат низ комсисика расправа за само два дена бидејќи законот се носи по скратена постпка. Сепак, претседателот на Комисијата за европски прашања нема да ја закаже седницата веднаш туку ќе остави простор за меѓупартиски договор.

Оставениот простор работните групи на власта и опозицијата треба да го искористат уште од четврток за кога се најавува нова рунда преговори.

Дека ќе постигнат договор и ќе се обезбедат 80 пратеници очекува и прмеиерот Зоран Заев.

-Очекувам со двотретинско мнозинство да биде изгласан и Законот за јавно обвинителство, за што се водат посветени разговори со опозицијата, да се обезбеди потребниот консензус. Затоа  апелирам за внимателност, стручност и посветеност во една од најважните години за перспективите на Република Северна Македонија, рекол Заев денеска на Амбасадорскиот совет.

Тој вели дека Влада ги создале сите услови за функцинирање на правната држава и очекува ефикасна правосудна разврска на сите случаи на корупција, вклучително и Рекет.