Законот за Јавно обвинителство на владина седница веќе утре - во Собрание во вторник
Законот за обвинителство многу скоро ќе биде доставен до Собранието, потврди техничкиот премиер Оливер Спасовски откако вчера неговиот партиски лидер Зоран Заев повика законот уште во вторник да влезе во собраниска процедура и пратениците да се изјаснат по него до 12 февруари кога се распушта овој парлаентарен состав. Не исклучено, законот да помине на владина седница уште утре.
Според Спасовски, дошло време во парламентот да се покаже кој навистина ги поддржува евроинтеграциите и дека завршува времето само на декларации дека некој се залага за правда.
Од преставниците на СДСМ во работната група за овој закон велат дека предлогот овозможува професионално завршување на постпаките што ги воделот СЈО, но и неселективна правда преку независно обивнителство кое нема да штити ничии криминали.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека тие не го блокираат процесот на носење на овој закон, туку дека власта изминативе неколку месеци го воскрснува специјалното јавно обвинителство кое треба да ги штити во иднина члениците на СДСМ од гонење на нивниот криминал.
Последната верзија на законот за обвинителство беше изготвена во декември минатата година, откако цела година претходно власта и опозцијата не може да се договорат за трансформацијата на СЈО и за изборот на државен јавен бивнител.
Преговорите на ниво на работни групи беа замрзнати речиси пет месеци. Од Нова година Заев инцираше нивно обвновување, но во петокот пропаадна првата работна средба на министерката за правда Рената Дескоска со пратеничките групи бидејки ВМРО-ДПНЕ побара јавна расправа и присуство на државниот јавен обивнител Љубомир Јовески.
Јавната расправа веќе е закажана за во вторник, а на нејзе поканет е и обвинителот. По оваа јавна расправа се очекува продолжување и на политичките разговори за законот.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар