Законот за имплементација на договорот меѓу ЕУ и Турција влезе во грчкиот Парламент
Грчката Влада во Парламентот поднесе нацрт закон кој е потребен за целосна имплементација на договорот за миграција меѓу ЕУ и Турција, јави дописникот на МИА од Атина.
Предлогот, кој треба да биде изгласан до утре вечер, ќе ја забрза постапката за азил во Грција и ќе создаде услови за враќање на бегалците и мигрантите од грчките острови во Турција.
Европски извор рекол дека враќањето ќе почне во понеделник кога Грција во Турција ќе ја испрати првата група од 500 мигранти, согласно договорот со ЕУ.
На грчките острови се задржани над 3.000 мигранти, кои пристигнале во Грција од 20 март. Центарот за задржување на ваквите мигранти на островот Хиос е полн речиси 50 проценти над капацитетот, а приведените секојдневно организираат протести.
Инаку во Грција денеска има 51.393 бегалци и мигранти, а од утринава се регистрирани 377 нови пристигнувања.
Според бројките на Координативното тело за управување со бегалската криза, 28.451 од бегалците се во северна Грција, од нив 11.324 во кампот за бегалци во Идомени, 14.960 се во регионот на Атика (5.750 се во пристаништето Пиреја), 5.337 на североисточните грчки острови и 2.645 се сместени во различни области во централна Грција.
Ново на Сител
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани