Бизнис
17. December 2019 - 16:56

Законот за дивоградби помина на Влада

Ќе се легализираат дивоградбите изградени до 01 октомрви годинава. Владата вчера го усвои прелдог законот за легализација кој нема да важи за сите. Со него не се опфатени дивоградбите во охрдскиот регион кој е под заштита на УНЕСКО.

Општина Охрид велат дека ставот на локалната самопрвата е дека сите нелегални градби треба да бидат ставени во некоја законска рамка.

„Во врска со постапувањето со нелегалните градби во Охрид многу значајна улога ќе има и Планот за упраување со природното и културното наследство на Охридскиот регион, кој е во завршна фаза. Нацрт верзијата на планот беше испратена на увид во УНЕСКО, оттаму имаа посочено одредени забелешки и во моментов интензивно се работи на отстранување на истите“, стои во соопштението од општината.

Градоначалникот Охрид пред десетина дена изјави дека закон кој нема да важи за сите е дискриминирачки.

Најновиот закон за легализација на дивоградбите предвидува за бесправно изградените објакети, инвеститорот на плати комуналии плус казна во висна од 50% од комуналиите за да добие дозвола. За бесправните електронски комуникациски мрежи надоместот ќе изнесува 10 евра по метар квадратен од изградена површина.

Од 2011 досега дивоградбите се легализираа по евро за квадрат. Поднеснеи беа над 400000 барања, легализирани се половината од нив. Тие кои поднеле барање по стар закон и натаму ќе легализираат по евро за квадрат.