Македонија
13. December 2018 - 16:15

Законот за амнестија за 27. април в понеделник најверојатно на собраниска седница

Законот за амнестија за 27 април во понеделник ќе се најде пред собраниското тело за помирување. Ако ја помине и оваа фаза, не се исклучува можноста уште истиот ден да биде ставен и на пленарна седница.

Детали од текстот на предлог законот засега не се откриваат, но членови на телото брифираат дека со него не е опфатена точна бројка на лица кои ќе бидат амнестирани.

Кој се ќе биде опфатен најверојатно ќе зависи од завршните зборови на обвинителката Рускоска која го води судскиот процес и квалификацијата на кривичните дејствија.

Истите извори брифираат и дека со ова законско решение ќе биде опфатен целиот ден 27 април, од почетокот на конститутивната седница, изборот на Талат Џафери, а потоа и насилниот упад во законодавниот дом.

Она што засега е сигурно, со амнестијата нема да бидат опфатени лицата кои имале командна одговорност, организаторите и извршителите на насилството.

Инфомации што содржи ова законско решение немаат ниту обвинетите ниту нивните адвокати.   

И покрај повиците да се вклучи во целиот процес, опозициската партија останува на ставот дека нема да поддржи селектвина амнестија и правда.

И без поддршка од опозцијата законското решение за аманестија за собраниските настани ќе биде донесено. За негово усвојување ќе биде потребно просто мнозинство, со кое располага власта.