-->
-->
Законите важат за сите, освен за Заев
-->
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев го остава своето луксузоно Ауди А8 каде сака и како сака. Оваа фотографија покажува дека законите важат за сите исто, освен за Заев.
Луксузното Ауди А8 на Заев денеска можеше да се забележи паркирано на тревникот пред Собранието на Република Македонија. И додека обичен граѓанин ќе заработеше казна за ваквата постапка, очигледно тоа не е случај кога Заев е во прашање.

Имено, доколку обичен граѓанин вака го паркира своето возило и доколку истото е дигнато од полицијата, според член 66 став 1 алинеја 15, за ваков прекршок би платил 150 евра глоба.
Овој член се однесува за паркирање на хортикултурно уредени зелени површини, градски зеленила и паркови. Аудито на Заев, чија вредност изнесува околу 70 илјади евра е паркирано во зелената површина пред Парламентот.
Дополнително, како сопственик на ова возило на Заев се јавува правното лице „Тотал Инженеринг“, односно фирма која е во сопственост на неговиот брат Вице Заев, поради што се отвора сомеж дека возилото на фирмата на Вице Заев се злупотребува за партиски цели на СДСМ и неговиот брат Зоран.
Инаку, токму фирмата „Тотал Инженеринг“, во чија сопственост е луксузното Ауди со кое се вози Заев, изминатиот период беше споменувана како една од многуте на кланот Заев која се офајдила од тендерите доделувани од општината со која раководи Зоран Заев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Беќаровски: Денес дознав дека скафандерот можел да служи и инфицирано лице да шета низ здрава средина
-
Имотот ќе го пријавуваат сите административци кои даваат услуги на граѓаните, најавува Николовски
-
Николовски очекува целосно да се расчисти случајот со поранешниот генерален секретар на Владата
-
Николовски: На седница во вторник, Владата ќе предложи шести пакет економски мерки
-
САД категоричнo негираат каков било обид за атентат на Лукашенко или за државен удар во Белорусија
-
САД: Русија ќе се соочи со последици доколку Навални умре
-
Голема железничка несреќа во Египет, повредени најмалку 97 лица
-
Мото ГП: Квартараро триумфираше во Португалија