Македонија
15. December 2017 - 8:59

Закажани три седници на македонското Собрание

Собранието на Република Македонија денеска треба да одржи три седници. 

На почетокот се очекува да бидат констатирани оставките на пратениците Васко Ковачевски, кој заминува на директоркото место во РЕК Битола и на Стево Пендаровски кој е избран за национален координатор на НАТО. На нивните пратенички места ќе дојдат Самка Ибраимовски и Далибор Богдановски. 

Во 11 часот е закажана 26. седница на чиј дневен ред е Дополнетиот предлог на Буџет за 2018 година, Предлог програмата за одбележување на јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2018, како и предлог-измените на Законот за пензиско и инвалидско осогурување по скратена постапка. 

Пратениците ќе расправаат и за измените на Законот за употреба на македонскиот јазик во второ читање, како и за Предлог-одлуката за објавување јавен оглас за избор на главен државен ревизор и за неколку законски измени од финансиската област, поднесени од пратеници од парламентарното мнозинство.

По завршувањето на 26. седница треба да продолжи 21. седница на која останува пратениците да се изјаснат за Предлог одлуката за испраќање на припадник на АРМ во мисијата „Алтеа“ , како и за Предлогот за извршување на Буџетот за 2018 година по скратена постапка. 

На дневен ред на 11. седница се измените на Законот за култура, на Законот за заштита од пуштењето, на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и измените на Законот за регистрирање на готовински плаќања.