Закажани три седници на македонското Собрание
Собранието на Република Македонија денеска треба да одржи три седници.
На почетокот се очекува да бидат констатирани оставките на пратениците Васко Ковачевски, кој заминува на директоркото место во РЕК Битола и на Стево Пендаровски кој е избран за национален координатор на НАТО. На нивните пратенички места ќе дојдат Самка Ибраимовски и Далибор Богдановски.
Во 11 часот е закажана 26. седница на чиј дневен ред е Дополнетиот предлог на Буџет за 2018 година, Предлог програмата за одбележување на јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2018, како и предлог-измените на Законот за пензиско и инвалидско осогурување по скратена постапка.
Пратениците ќе расправаат и за измените на Законот за употреба на македонскиот јазик во второ читање, како и за Предлог-одлуката за објавување јавен оглас за избор на главен државен ревизор и за неколку законски измени од финансиската област, поднесени од пратеници од парламентарното мнозинство.
По завршувањето на 26. седница треба да продолжи 21. седница на која останува пратениците да се изјаснат за Предлог одлуката за испраќање на припадник на АРМ во мисијата „Алтеа“ , како и за Предлогот за извршување на Буџетот за 2018 година по скратена постапка.
На дневен ред на 11. седница се измените на Законот за култура, на Законот за заштита од пуштењето, на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и измените на Законот за регистрирање на готовински плаќања.
Ново на Сител
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи