Закажани две пленарни седници, ќе се избираат потпретседатели на Собранието
Собранието на Република Македонија по двонеделно немање пленарни активности поради службени патувања на пратеници, денеска ќе го одржи второто продолжение на 26.седница, а по неа и 34.седница.
Пратениците во рамки на 34.седница ќе расправаат по предлог - изборот на потпретседатели на Собранието на РМ, поднесен од група пратници, предлог-одлуката за објавување на јавен оглас за избор на претседател, потпретседател и шест членови на ДИК, предлогот за разрешување на претседател и членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
На седницата ќе бидат разгледани и предлог-законите за ратификација на измените и дополнувањата на Конвенцијата за меѓународен железнички превоз (КОТИФ) од 9 мај 1980 година содржана во Протоколот од 3 јуни 1999 година (Протокол донесен во Вилнус), за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за соработка во областа на туризмот, за ратификација на Договорот за воена финансиска соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција, за ратификација на Договорот меѓу Македонската Влада и Израелската Влада за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на даноците на доход.
Пратениците ќе расправаат и по предлог-законите за дополнување на Законот за судовите, за изменување и дополнување на законите за заштита на укажувачи, за народниот правобранител, сите во второ читање, за изменување и дополнување на Изборниот законик и на Законот за градење, двата по скратена постапка. Пратенците ќе ги разгледуваат и дополнувањата на законите за вработените во јавниот сектор, за Управата за јавни приходи, за придонеси од задолжително социјално осигурување, за даночна постапка, за сигурност во железничкиот систем, по скратена постапка...
На дневен ред на продолжението на 26.седница е Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка.
Ново на Сител
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани