Македонија
27. November 2020 - 13:28

Закажана седница на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК

За денеска во 13:30 часот е најавена седница на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК.

Седницата, како што информираат од ЦУК, ќе се одржи преку видеоконференциска врска.

Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК е оперативно стручно тело што раководи со активностите за превенција и справување со кризни ситуации.