Македонија
24. January 2019 - 16:14

Закани од одбраната на Ејуп Алими кон обинителите на СЈО, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски

Адвокатот на координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими кој неодамна во собранискиот прес центар говореше исклучиво на албански јазик, им се заканувал на специјалните обвинители во предметот „Титаник 3“..

Ова денеска во судница го откри обвинителката Фатиме Фетаи по кратката расправија меѓу обвинителот Гаврил Бубевски и одбраната на Алими за отсуството на сведок кој сега живеел во Германија..

„Па ти беше тој што ми ја пренесе заканата дека Ти си “наша“, ти може лесно да поминеш, ама на тој каурот ќе му ја расплачеме фамилијата“, му рече Фетаи на адвокатот Мефаил Арслани кој негираше дека така се заканувал..

Во „Титаник 3“, обвинети се Исмет Гури и Ејуп Алими.. Тие како членови на изборната комисија во Чаир се товарат за уништување изборен материјал за време на локалните избори во 2013-та..

Инаку од специјалното обвинителство информираат дека е побарано продолжување на куќниот притвор за екс директорот на УБК, Сашо Мијалков и бизнисменот Орце Камчев.. Двајцата се обвинети во предметот „Империја“ за злосторничко здружување и перење пари заради што завршија во притвор.. СЈО на крајот од минатата година за нив побара поблага мерка, односно куќен притвор образложувајќи дека обвинителството ги обезбедило потребните материјални докази.