Зајкова: Очекувам едногласна поддршка за законот за субвенциониран студентски оброк
Здрав оброк за секој студент. Ова ќе биде овозможено со новиот предлог закон за субвенциониран студентски оброк кој утре ќе биде поднесен во Собранието преку пратениците Јулиана Николова од ЛДП и Александар Кирацовски од СДСМ.
Законот предвидува студентите за значително пониска цена да се хранат во рестораните кои што ќе потпишат договор со Министерството за образование и наука за субвенционирање на студентскиот оброк.
„Со донесувањето на законот ќе се овозможи секој студент кој е државјанин на Републиката, без разлика дали е на државен или приватен универзитет, да има право да користи дневна субвенција за здрав оброк во износ од 120 денари. Студентите се иднината на нашата земја и истите заслужуваат да ги користат истите придобивки кои ги имаат нивните врсници во Европа. Ваков закон веќе одлично функционира во Словенија. Мораме да покажеме дека како држава се грижиме за стандардот на студентите“ потенцира Зајкова.
Законот предвидува субвенциите да важат секој работен ден од 08 часот до 20 часот, но не и за викендите или за време на летниот и зимскиот распуст.
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд