Балкан
17. September 2016 - 19:04

Зајакнати безбедносни мерки во Газиантеп по добиена информација за планиран напад

Полицијата во јужниот турски град Газиантеп денеска презеде засилени мерки за безбедност по добиени информации за планиран терористички напад против молитвен дом на алевиите, пренесува БТА.

Полицијата го забрани за движење регионот во кој се наоѓа молитвениот дом во населбата Ѓузтепе. Во кварттот се испратени специјални единици и оклопни возила.

На 20 август во Газиантеп, во кој има многу сириски бегалци, беше извршен самоубиствен бомбашки напад за време на свадба, при што загинаа 56 лица, од кои повеќето деца. Турските власти соопштија дека „Исламска држава" стои зад нападот.