Свет
26. March 2016 - 9:37

Захарова: Судирот на Русија и Турција има времен карактер

Судирот на Русија и Турција има времен карактер, изјави денеска официјалната претставничка на руското МНР Марија Захарова.

Според неа, „прашањето на билатералните односи на Русија и Турција“ не е разгледувано за време на разговорите со државниот секретар на САД Џон Кери во Москва.

Односите на Русија и Турција се во криза, откако на 24 ноември 2015 година турската авијација собори руски борбен авион.

Захарова рече и дека Русија не се мешала во граѓанската војна во Сирија со тоа што ги бомбардирала терористите. 

- Таму постои граѓански судир, но операцијата на руската авијација нема никаква врска со тоа, рече Захарова.