Захарова: Решението за спорот за името треба да е прифатливо и за двете страни
Спорното прашање за името на Македонија треба да се реши на начин прифатлив како за Скопје, така и за Атина, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова. На брифинг за новинарите во Москва, таа повторно обвини за мешање на западните земји во решавањето на спорот, како што наведе, со единствена цел да го внесат Скопје во НАТО.
– Министерството за надворешни работи на Русија постојано зборуваше за Преспанскиот договор, релевантните коментари можат да се најдат на веб-страницата на Министерството. Како што е познато, Русија ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име. Москва отсекогаш се залагаше и продолжува да се залага прашањето за името на оваа држава да се реши на прифатлив начин за Скопје и за Атина, рече Захарова одговорајќи на прашањето дали Русија ќе го признае името „Република Северна Македонија” и дали ќе има дискусија за ова прашање во Советот за безбедност на ОН.
Захарова кажа дека во процесот на одобрување на Договорот од Преспа, се направени „сериозни прекршувања на домашното законодавство во една од страните, како и на меѓународните правни норми, со силен надворешен притисок“.
– Веруваме дека никој не треба да се сомнева оти западните земји се водени од геополитичките интереси за приемот на Скопје во НАТО, а не со желба да помогнат во решавањето на овој, всушност, билатерален спор, рече Захарова.
Ново на Сител
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО