Свет
20. April 2017 - 21:23

Захарова: Москва не ја исклучува можноста за провокации против руските државјани во Црна Гора

Русија не ја исклучува можноста за провокации против руските граѓани во Црна Гора, вклучувајќи и приведувања врз основа на сомнителни мотиви и нивно предавање на трети земји, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова. 

- Во Црна Гора очигледно се создаде неповолна ситуација за Русите. Во одгласите на наглото влошување на билатералните односи, што беше испровоцирано од Подогорица, претстојното пристапување на Црна Гора во НАТО, одлуката на црногорските власти за целосно прифаќање на санкциите на ЕУ против Русија, забележуваме раст на антируското расположение. Согледуваме зајакнување на негативниот однос кон рускиот бизнис и кон нашите сограѓани. Не ја исклучуваме можноста за провокации, апсења врз основа на сомнителни мотиви и предавање на руски државјани во трети земји, главно во САД, истакна Захарова. 

Таа нагласи дека поттикнувањето на русофобијата не е карактеристично за Црногорците и целосно лежи на совеста на политичарите во земјата.