Захарова: И Бетмен и жена-мачка се одговорни за падот на Петков
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска иронично ги прокоментира обвинувањата на бугарскиот премиер во оставка, Кирил Петков, дека за неговото заминување од функцијата виновна е и руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова, изјавувајќи дека на списокот на „виновници“ недостасуваат уште некои други фиктивни филмски ликови.
-Само Бетмен и жената-мачка сè уште се исчезнати. Мислам, човекот се измори, почна да блада, иронично кажа Захарова, пренесена од руските медиуми.
Откако бугарскиот Парламент синоќа и изгласа недоверба на Владата на Петков, тој за исходот од гласањето обвини тројца политичари и амбасадорката Митрофанова.
Петков ги прозва бизнисменот и поранешен пратеник Дељан Пеевски, лидерот на партијата ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов и Слави Трифонов, чија партија „Има таков народ“ претходно ја напушти владејачката коалиција.
Партијата ГЕРБ го иницираше гласањето недоверба на владата.
Ново на Сител
-
Приведен битолчанец осуден на казна затвор од седум години
-
Спасовски: Протестите мора да бидат мирни и демократски
-
Владата го усвои Дополнетиот предлог-буџет за 2022 година
-
Над 25.000 нови случаи на Ковид-19 во Грција и над 5.000 реинфекции
-
Маж се удави во Охридско Езеро
-
Николоски се сретна со Ламбе: Тој не е пироман, тој е ѕвезда и горд Македонец
-
Загинаа две лица откако врз нив падна кран - МВР со детали за несреќата
-
Пукање во Ласкарци: Убиен 34-годишник