Свет
6. March 2021 - 9:03

Захарова: Европа го избра политичкото сплеткарење со вакцините место здравјето на луѓето

Европските земји играат политички игри околу вакцините место да размислуваат за здравјето на своите жители и да донесуваат одлуки во согласност со нивните потреби, изјави синоќа портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

-Доколку тие во време на пандемија, во време кога им е нарушен распоредот за снабдување со вакцини, не се почитуваат или едноставно немаат вакцини, а имаат можност да соработуваат со земјите каде што се произведува таа вакцина, сепак, давајќи им предност на политичките сплетки во однос на здравиот разум и здравјето на својот народ, тогаш не ме интересира дали ќе се вратат во нормала. Тоа се веќе нивни проблеми, рече Захарова, говорејќи за телевизијата „Русија 24“.

Според портпаролката на рускоот МНР, во 2020 година проблемите со европската солидарност испаднаа од корпата како валкана долна облека.

-Се обидуваат на некој начин тоа внимателно да го камуфлираат, добро разбирајќи во колку лошо светло се прикажаа, изјави Захарова за „Русија 24“.