Захарова: Апсурден е поводот на Џонсон за откажување на посетата на Русија
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека е апсурден поводот на шефот на британската дипломатија Борис Џонсон за откажување на посетата на Русија.
- Пред да биде отакажана посетата беше презакажана за нов датум. Велика Британија наведе различни причини. Имаме впечаток дека нашите западни колеги живеат во сопствена реалност, во која се обидуваат да измислат колективни планови, а потоа истите да ги сменат, измислувајќи апсурдни поводи, посочи Захарова.
Џонсон денеска соопшти дека ја откажал посетата на Москва планирана за 10 април поради најновите настани во Сирија, каде напад со хемиско оружје врз подрачје под контрола на бунтовниците предизвика САД да извршат ракетен напад.
- Развојот на состојбата во Сирија во основа ја промени ситуацијата, Сега мој приоритет е да ги продолжам контактите со САД и другите пред состанокот на Г-7, што ќе се одржи на 10 и 11 април, за да изградиме координирана меѓународна поддршка за прекин на огнот на терен и да се интензивира политичкиот процес, се наведува во соопштението на Џонсон.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација