Македонија
22. October 2017 - 20:52

Захариева: Софија и Атина се подготвени да му помогнат на Скопје за реформите

Бугарија и Грција се подготвени да и помогнат на Македонија за спроведување на реформите за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ, изјави вицепремиерот и  министер за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева.

- Потребно е прво да се изгради доверба меѓу политичките раководства. Тие имаат долг пат и многу реформи за да започнат преговори за влез во Европската унија. Разговаравме со Грција и подготвени сме да испратиме експерти  да и помогнат на Владата да ги спроведе неопходните реформи, рече Захариева во изјава за бугарското радио „Дарик“.

Според неа,  пречка за приемот на Македонија во ЕУ беше „политиката на земјата која беше против соседите, против Бугарија, против Грција“.

- Поигрувањето со „ние сме најголемите“ не помага. Македонските граѓани сакаат да се интегрирани. Тоа е една од причините зошто се уште не ги започнале преговорите. Не постои можност европските држави да се согласат со таквата политика, рече Захариева. 

Таа оцени дека новата македонската Влада има многу јасен план за реформи и се размислува наскоро да се одржи заедничка седница со бугарската Влада.

Ново на Сител