Македонија
11. јуни 2019 - 16:18

Захариева се заканува-или Договор за Делчев или вето и напуштање на Комисијата

Доколку не се постигне договор околу датумот за заедничко чествување на Гоце Делчев, Бугарија ќе се повлече од понатамошната работа во мешовитата комисија со Македонија. Бугарската министерка за надворешни работи Захариева изјави дека нејзината земја нема да прави никаков компромис на ова поле и дека нема да се согласи со предлогот на македоснката страна, Делчев да се чествува на 7 октомври.

Ваквиот пристап на бугарската страна е јазик на студена војна а не на пријателство, велат експертите. Целта е добивање што поповлна позиција во пресрет на одлуката за одредувањето на датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Претходно и министерот за одбрана Каракачанов најави блокирање на нашето членство во ЕУ и НАТО, доколку македонската страна не прифарти одредени отстапки во одност на историските прашања.