Захариева: Преговорите за членство во ЕУ на Македонија и Албанија не треба да се одложуваат
Започнувањето на преговорите за членство во ЕУ на Република Северна Македонија и на Албанија не треба да се одложува поради францускиот предлог за нова методологија за преговорите за присоединување. Тие процеси можат да се одвиваат паралелно, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева за време на конференција во Софија посветена на Западен Балкан.
– Дел од реформите, предложени од Франција, се прифатливи за Бугарија, но тоа не значи дека давањето зелено светло за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија треба да се одложи до усвојување на новата методологија. Двата процеса можат да продолжат истовремено, истакна Захариева.
Таа изрази надеж дека во следните шест месеци Скопје и Тирана ќе добијат зелено светло за почеток на преговори со ЕУ.
– Понекогаш сум еден од најгласните министри за надворешни работи дека ЕУ не може да донесе одлука. За тоа не е виновна само Унијата. Голема одговорност имаат и земјите кандидатки, додаде шефицата на бугарската дипломатија.
Захариева се осврна и на постигнатиот напредок во процесот на евроинтеграциите на шесте земји од Западен Балкан, потенцирајќи дека „работите на Балканот никогаш не се црни или бели“.
Ново на Сител
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина
-
Д-р Беќаровски заминува од Клиниката за токсикологија
-
ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи