Захариева: По потпишувањето на договорот зелено светло за Македонија за почеток на преговори
Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева денеска во Градскиот парк во Скопје, каде учествуваше на отворањето на фестивалот One love tour 2018 изрази увереност дека по потпишувањето на договорот за името меѓу Македонија и Грција, закажано за утре во Мала Преспа, Македонија конечно ќе може да отпочне преговори за членство во ЕУ, а потоа да добие и покана за влез во НАТО.
- Бугарија сака Македонија на крајот на месецот конечно да почне преговори за членство во ЕУ. Навистина повеќе нема време и ја сум уверена дека по потпишувањето на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција утре од срана на двајцата министри за надворешни работи, во присуство на двајцата премиери, со присуство на комесарот Хан и комесарот Могерини на 26 јуни на Советот на ЕУ, со кој претседавам јас, Македонија ќе добие зелено светло, вели Захариева.
За Бугарија е прифатливо името Република Северна Македонија, додава Захариева.
- Ние први ве признавме, ја признавме Република Макеоднија во целина. Она што е важно за нас, а го содржи и во нашиот допговор дека нема територијални претензии, нагласи Захариева.
Ново на Сител
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај