Македонија
25. January 2023 - 10:38

Захариева: Пендаровски им служи на Србија и Русија

Поранешната шефица на бугарската дипломатија и актуелна претседателка на Комисијата за надворешна политика на Бугарија, Екатерина Захариева го обвини претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски дека им служи на политиката на Србија и Русија на Балканот.

- Претседателот Стево Пендаровски не ги штити интересите на својата татковина, туку служи на политиката на Србија и Русија на Балканот. Тој со своите изјави го кочи развојот на односите меѓу Софија и Скопје, изјави за БГНЕС Екатерина Захариева.

Захариева посочи и дека се надева дека македонската влада нема да го прифати предлогот на Пендаровски за прогласување на бугарските екстремисти за персона нон грата во Република Македонија.

- Силно се надевам дека македонската влада нема да го прифати неговото барање, бидејќи тоа многу повеќе ќе ги ескалира билатералните односи. Ова ќе им служи во интерес токму на оние бугарски политичари кои нема да бидат пуштени да влезат на територијата на Македонија. Некои од нив исто така не помагаат за нормализирање на односите, додаде Захариева.