Македонија
3. May 2020 - 14:26

Захариева: Македонија треба да ја признае историјата, а Бугарија да ја признае новата реалност

Македонија да ја признае историјата, а  Бугарија да ја признае реалноста во моментов, е пораката која шефицата на бугарската дипломатија ја испрати откако се актуелизираше поддршката на Софија за македонските евроинтеграции. Захариева запрашана дали е можно бугарско вето поради прашањата за историјата и јазикот, истакна дека тоа не е интерес на Бугарија.

Ние имаме интерес тие да бидат во Европската Унија, да запрат со практиките од Титова Југославија, имаме интерес да ја признаат историјата, а во исто време, ние треба да ја признеме реалноста во моментов. Тоа е заемен интерес, според мене.

Захариева вели дека  Бугарија води мудра надворешна политика и нема да  дозволи да биде искористена во предизборната кампања кај соседот, но нема ни да ги промени условите.

„Не е првпат тамошните политичари да ја употребуваат Бугарија во предизборна кампања. Започна ВМРО-ДПМНЕ за ние да реагираме, за да кажат – еве, гледајте… Нема да се фаќаме на таа песна. Ние имаме јасна позиција во однос на Република Северна Македонија, секогаш ќе ги поддржуваме, само под јасни услови, тие не се сменети. Изборите поминуваат, соседите остануваат. Географијата е најнепроменливото нешто во ваков непредвидлив свет, соседите остануваат.

Захариева потсети   дека Македонија е земја кандидат уште од 2005 та  година, а   дури сега ЕС донесе  одлука за почеток на преговорите. Според не за тоа не се виновни ниту Бугарија ниту Грција.