Захариева: Македонија ќе има место во ЕУ кога ќе биде подготвена, во моментов не е
Рeпублика Македонија ќе има место во Европската унија кога ќе биде подготвена. Во моментов, Бугарија смета дека не е подготвена, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.
– Бугарската дипломатија не може да си дозволи да води политика на оцрнување на друга земја, што, за жал, ја гледаме во Скопје. Ние сме земја-членка на Европската унија, рече Захариева за БНТ пред денешниот министерски состанок на ЕУ на кој се очекува да стане збор за преговарачката рамка за Македонија.
Според Захариева, властите во Скопје многу погрешно сметале дека Софија ќе биде „притисната“ за да ја смени својата позиција.
Бугарија, вели Захариева, продолжува да биде поддржувач на проширувањето на ЕУ и тоа не е само декларативно. Упати совет до Скопје да не се откажува на првата потешкотија со која се соочува на патот кон ЕУ – одобрувањето на рамката за преговори.
– Тешкотиите допрва следуваат, процесот не е лесен. И Бугарија тргна по таков пат. Потоа, кога страстите ќе стивнат, вклучително и во Бугарија, и ќе почне да се размислува помалку емотивно, кога ќе престанат да се држат до градење држава заснована единствено на антибугарската идеологија – тогаш ќе добијат многу повеќе, изјави Захариева.
Таа најави дека планира да се појави пред бугарскиот парламент и да одговори на сите пратенички прашања во врска со РС Македонија, откако минатиот петок тоа беше одложено поради службено патување во странство.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово